„Заиграј со мене ти“: Дац и Александар ја вратија Виолета Томовска на сцената (видео)


Дац и Александар, заедно со кралицата на македонската народна песна Вилоета Томовска предпразнично подготвија музичко уживање, како што велат тие „Срце да ви заигра“.

Песната „Заиграј со мене ти“, напишана од маестро Милан Завков отпеана од Виолета Томовска, овој пат возобновена но сепак со истата емоција, Виолета, Дац и Александар им ја подаруваат на публиката.

„Во чест и сеќавање на големиот автор и човек Милан Завков кој ја напиша музиката на оваа вечна песна „Заиграј со мене ти“ со текстот на кралицата на македонската песна Виолета Томовска. Посакавме и ја вративме Виолета на сцената, затоа што таа тоа го служува. Се ближи нејзиниот 80-ти роденден па сакаме со оваа нова верзија да и посакаме, а и на сите вам убави желби за здравје во престојните празници и многу љубов во новата 2025. Навистина бевме фасцинирани од нејзината енергија, волја и љубов со која се вклучи. Голема благодарност до целата екипа што ни го овозможи сето ова. Пред се огромна благодарност до семејството Завкови и семејството на Виолета што ни дадоа целосна поддршка во оваа идеја. Благодарност до Мишел, Диме, Јоргуш, Боби, Таше, Миле, Сале, Бозо, Славица и секако Невенка Росоманова, ќерката на Виолета. Да си ги чуваме нашите легенди и величини, да носиме љубов и позитивна енергија затоа што “Животот знаеш краток е, денес сме сите, утре не”“, стои во објавата на Дац и Александар.