Захариева: На 2 септември ќе дознаеме дали ќе поднесеме оставка

Бугарија– На 2 септември ќе дознаеме дали ќе има 120 потписи за поддршка на предлогот на ГЕРБ и ако биде „да“, уште тогаш ќе постои подготвеност за оставка, изјави за БТВ бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

-Потребата од свикување на Големото народно собрание се расправаше со години, но досега никој не го стори тоа, вклучително и голем број политички партии кои водеа и такви предизборни кампањи. Ние го сторивме тоа, рече Захариева и повика да се прочита предлогот на ГЕРБ.

Политичките партии, што се залагаат за значајни реформи, на луѓето нека им објаснат зошто, кога се нуди можност за навистина суштински реформи, тие се против тоа. Овој устав нема да се усвои од ова Народно собрание, туку тоа едноставно ќе гласа за одлуката за свикување на Големото народно собрание, додаде Захариева.

Во моментов во Изборниот законик не постојат правила за избор на Големото народно собрание.

Таа истакна дека предлогот за намалување на бројот на пратеници на 120 е предмет на гласање.

Во врска со синоќешниот коментар на претседателот Румен Радев од Варна, кој премиерот Бојко Борисов го нарече „апсолутно непредвидлив“ и од него побара итна оставка, вицепремиерката Захариева кажа дека претседателот не дејствува како претседател, туку како лидер на опозицијата, јави БГНЕС.