Захариева: ЕУ не е Југославија, не попуштам на притисоци од Северна Македонија


Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева денеска гостуваше во утринската емисија на БТВ, каде повторно го даде своето мислење за европската интеграција на Македонија.

– Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нам да ни наложи што да правиме во Унијата, рече Захариева за БТВ.

Османи и Захариева вчера се сретнаа во Софија, каде разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на договарање на втората меѓувладина конференција меѓу владите на двете земји.