Загрижува порастот на новозаболени во Британија

 

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека зголемениот број случаи со Коивд-19 во Британија загрижува.

Тој вели дека Владата се уште има контрола над пандемијата.

Во неделата беа регистрирани нови 2.988 случаи на заболени, што е најголем број од почетокот на мај, пренесе Ројтерс.

„Порастот на бројот случаи кој го гледаме последните денови главно е меѓу младите. Владата не изгуби контрола над пандемијата, но сите мора да го почитуваме социјалното дистанцирање затоа што можеме да се одбраниме само како општество во целина“, вели Хенкок за радио Ел-би-си.