Заглавени неколку возила на западот од земјава – тешко проодни патиштата од Скопје до Охрид


Фото: Б. Грданоски

Центарот за управување со кризи вечерва информира за тешко проодни патни правци во западниот дел на државата. На Единствениот повикувачки број 112 пријавени се повеќе случаи на заглавени возила и едно излетување од пат.

– По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата, информира ЦУК.

Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните да ги следат препораките на надлежните служби, а за навремена помош и пријава на опасности или итни ситуации да го користат Единствениот број за итни повици 112. 

Претходно надлежните соопштија дека има интензивни врнежи на снег има на Попова Шапка. Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за возилата.

Од 21 часот вечерва поради интензивни врнежи на снег е задолжително употреба на зимска опрема (ланци) на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, информира вечерва Авто мото сојузот на Македонија.