Загинаа двајца работници во Чаир


Двајца работници загинаа а еден е тешко повреден откако земјиште се излизгало врз нив при копање канал во близина на Поликлиниката „Чаир“ во Скопје. Несреќата се случила денеска претпладне. Неофицијално, загинати биле браќа, а повредениот им бил зет. Сите работеле во семејна компанија.
Екипи на Министерството за внатрешни работи и на Судска медицина излегле на местото на несреќата.