Загина возач во Прилепско, изгубил контрола и излетал од патот


Вчера во попладневните часови на локалниот пат од село Крушеани до село Обршани во Прилепско во сообраќајна несреќа, загина 59-годишен возач.

Како што информираат од МВР, 59-годишниот жител на селото Подвис, управувајќи го својот автомобил „пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

По незгодата, возачот со возило за брза помош бил пренесен во болница во Прилеп, каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила екипа од прилепската полиција.