Загина работник кој миел прозорци на зградата на ФФМ


Во вторникот, во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АСНОМ“, В.П.(56) од Скопје, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи со кран на зградата на ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија), паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а при падот на кранот биле оштетени две возила „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен државен трудов инспектор и јавен обвинител.

Како што се наведува, работникот починал на лице место. Имено, нешто околу 16 часот силен тресок ги вознемирило вработените во ФФМ кога кранот кој што припаѓа на надворешна фирма паднал накај паркингот за вработените и го усмртил работникот кој во тоа време бил качен на него и ги извршувал работните задачи (миење на прозорци).