Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово


Во понеделникот, во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од село Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од село Градец, кривопаланечко.
Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.