Загина македонска државјанка во сообраќајка во Хрватска


Хрватска– Македонска државјанка загина денеска на автопатот А3 кај Окучани во Хрватска кога возилото со германски регистарски ознаки во кое била совозач излетало од коловозот во одводен канал и се превртело на покрив.

Од полицијата на Бродско-посавската жупанија информираа дека сообраќајката се случила изутрината околу пет часот. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на полицијата, противпожарни единици и Брза помош, пренесува Хина.

Потврдено е дека една жена државјанин на Северна Македонија загинала, а возачот исто така македонски државјанин е повреден, но одбил лекарска помош.

Портпаролката на полицијата Ката Нујиќ изјави дека се врши увид на местото на сообраќајката и се утврдуваат околностите како се случила.