Загина еден од најдобрите воени пилоти на Украина

Еден од најдобрите пилоти на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Антон Листопад, загина за време на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Антон Листопад загина во одбрана на украинската држава. Во 2019 година, Антон беше прогласен за најдобар пилот на Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина“, соопшти Физичко-техничкиот лицеј Ивано-Франковск, чиј дипломец беше Листопад.
Во октомври, неколку дена пред смртта, претседателот на Украина му додели Орден за храброст од трет степен, а од почетокот на војната меѓу Русија и Украина учествуваше во борбите на истокот на Украина, пренесува Танјуг.
На війні загинув один із найкращих льотчиків Повітряних сил ЗСУ Антон Листопад https://t.co/ywuLaNx8KH pic.twitter.com/9zwFiEdaPo
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) August 15, 2022