Загадувањето предизвикува здравствена криза


Екстремното загадување на воздухот во Скопје не е само статистика на апликациите, туку реална здравствена криза. Линијата 194 е под опсада – хронично болните, астматичарите и лицата со респираторни проблеми деновиве се најчестите пациенти кои во паника бараат спас од Итната медицинска помош.„Ова не важи само за хронично болните, туку и за здравите луѓе, а најмалку за децата“, предупредуваат докторите.

Медицинските лица даваат неколку клучни совети за преживување во овие денови на густ смог:

Бегство на планина: Ако имате можност, искористете ги викендите и слободните денови да заминете од главниот град на повисоки места.

Останете дома: Додека сте во Скопје, движењето надвор сведете го на минимум.

Заштита: Доколку излегувањето е неизбежно, задолжително носете заштитна маска (N95/KN95).

Откако два последователни дена беше надминат прагот на алармирање, надлежните ги активираа итните мерки и препораки.Препорака до работодавците за ослободување од работни обврски на бремени жени, лица постари од 60 години и  граѓани со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар (без оглед на возраста).

За работниците на отворено, се препорачува работното време да се реорганизира во периодот од 11 до 17 часот.