Заев: За упасениот дипломат ќе постапиме согласно меѓународните договори


Оливер Спасовски изјави дека Наќа Чулев како технички министер би требало да знае повеќе за потерницата распишана од Ерменија во неговото време

 

Премиерот Зоран Заев не ги знале сите детали за случајот на уапсениот дипломат Миле Миленкоски кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Србија, но дека прочитал оти се работело за случај од 2018 година. Заев денеска изјави дека македонските власти ќе постапат согласно сите меѓународни договори што сме ги прифатиле, потврдиле и поддржале, но во исто време ќе се побараат и сите правни акти за заштита на нашите граѓани. 

„За дипломатите, додека не ги побара некоја земја, важат истите права како и за секој граѓанин. Ние навистина не можеме да преземеме какви било дејствија за наш граѓанин ако тоа некој не го побара. Земја, која е развиена демократија, ги почитува меѓународните договори и клаузули. Ние ќе постапиме соодветно по тоа. Но, секако, се работи за наш граѓанин должни сме да ги штитиме нашите граѓани, но истовремено да го штитиме и законот и меѓународното право“, рече Заев.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го спомена и техничкиот министер Наќе Чулев во рашомонијадата околу уапсениот дипломат. Спасовски денеска во Куманово рече дека потерницата од страна на Еременија е распишана на 25 февруари 2020 година.

„Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше Наќе Чулев што во тој момент е направено дали е известено МНР или не, немам детални информации за тоа“, рече Спасовски.

Според него, Македонија не може да отвори истрага за Миленкоски бидејќи такви истраги се водат во земји каде е сторено кривичното дело.

„Оваа истрага се води во Еремнија и да не ги мешаме работите и да не прашуваме дали Македонија ќе води истрага, во државата каде е сторено кривичното дело се води истрагата“, рече тој.