Заев за СЈО: Политичарите да не одлучуваат за судските предмети


Во законот за јавно обвинителство што го предлага Владата било замислено тим од јавни обвинители со искуство поголемо од 15 години да прават распределба на предметите, а самиот јавен обвинител да утврдува дали има или нема докази, дали продолжува или не продолжува постапката, најави премиерот Зоран Заев. Според него, тоа би било разумно решение, бидејќи така политичарите нема да одлучуваат за иднината на предметите, туку обвинители и судии.

Мицкоски вчера рече дека нивниот прв принцип е да го инкорпорираат СЈО во рамките на Одделението за гонење на криминал и корупција.

– Второ бараме јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата. Третиот принцип е да не важат бомбите, сé што е до 30 јуни 2017 година согласно законот за СЈО, нека си има завршница, а после тоа да се покрене одговорност зошто некој постапувал спротивно на законите, некој неовластен тужител ја злоупотрбил својата службена позиција и должност и отпочнал предистраги и истраги, дури поднесол определни обвиненија и зошто некој од судиите ги прифатил тие обвиненија, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека се залага да се вратат тие обвиненија кај овластен тужител, кој е јавниот обвинител и постапува по допрен глас.