Заев за „бомбите“: Очекувам денес да ги викнат во полиција Мицкоски и Камчев


На поставено новинарско прашање, за тоа како го коментира повикувањето на екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, Заев рече дека тоа се игри на Наќе Чулев и дека очекува во текот на денот во полициска станица да бидат повикани Христијан Мицкоски и Орце Камчев.

„Кога тргнаа со ваквите, еве очекувам како што слушнав денеска да го викнат и господинот Мицкоски, да го викнат и господинот Орце Камчев баш по истите аршини на сослушување како што го направија тоа со Ден Дончев“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.