Заев во посета на рудникот „Бучим“ по повод Денот на рударите


Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во посета на рудникот „Бучим“ во Радовиш.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот ќе присуствува и ќе се обрати на настан посветен на одбележувањето на Денот на рударите и воедно одбележување на јубилејот 40 години работење на рудникот „Бучим“.