Заев во Охрид: Мерките во туризмот даваат резултат


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за време на посетата на Охрид изјави дека  туризмот е еден од сериозните партиципиенти во нашиот бруто домашен производ и дека тоа е дополнителен поттик за развој на туристичките капацитети.

„2019 година ја завршивме со преку 1,2 милиони туристи или 5,8 отсто повеќе од 2018 година што покажува дека мерките кои се преземени даваат резултати. Веруваме дека преку еден добар план за равој на туризмот во целата земја, посебно во охридско -струшкиот регион ќе овозможиме дополнително екстензија на туристичката сезона која што е многу важна за Охрид“, рече Заев.

Тој верува дека со членството во НАТО, започнати преговори со ЕУ и изградено пријателство со соседите и можеме да очекуваме значаен развој во туризмот, но и севкупен економски раст и развој.