Заев: Во недела ќе се поздравиме со некои министри


Претседателот на Владата Зоран Заев денеска не ги соопшти имињата на министрите кои ќе бидат сменети, во долгонајавуваната реконструкција на владата.

Тој рече дека во недела ќе ги соопшти имињата на министерите што ќе ги смени, како и на функционерите од пониските ешалони, односно директорските позиции, кога и ќе го достави списокот со нови предлози до Собранието.

-Денеска, утре и во недела сме домаќини на конференција на која ќе присуствуваат претставници од банкарски сектори во повеќе земји, затоа во недела попладне, ќе го доставам мојот предлог до Собранието и тогаш и ќе ги соопштам имињата – рече Заев.

Премиерот не коментираше ни дали нов министер за култура ќе биде Хисни Исмаили, како избран од партија на Африм Гаши, Алтернатива, информација што денеска ја пласираше Алсат М.

-Со некои министри ќе се поздравиме, ќе има и ротации, исто како и кај директорските позиции во пониските ешалони но во недела ќе соопштам повеќе – рече Заев.