Заев: Вистински патриоти се грижат за својата земја, а не го бојкотираат пописот


Одговарајќи на прашањето на пратеникот Александар Николоски (ВМРО-ДПМНЕ) на кој начин ќе се бираат попишувачите, дали тие ќе се одбираат според партиска припадност и предност ќе имале членовите на СДСМ, премиерот Зоран Заев дека повикот е отворен за сите, а не за партиски членови. Николовски изјави дека тоа ќе било партиски попис.

„Ги повикувам сите без оглед на партиската припадност да се јават како попишувачи. Мора да видиме колку сме. Вистински патриоти се грижат за својата земја, а не го бојкотираат пописот. Пописот мора да го направиме за да ги конципираме сите сегашни и идни политики. Тоа што немаме 20 години попис е главен поттик да го направиме. Некој пат планираме во облаци, во магла“, рече Заев.

Меѓу другите примери што тој ги даде зошто е потребен попис, го спомна примерот со градинките: „Ние ќе правиме градинки, а не знаеме колку деца има таму“. (Н.В.)