Ќе се разгледа предлогот за помал ДДВ за струјата, но не се знае дали ќе се прифати, вели Заев


Предлогот за намалување на ДДВ за струјата од сегашните 18 отсто, на пет отсто ќе се разгледа, но дали ќе биде прифатен ќе зависи какви ќе се покажат пресметките, рече денес премиерот Зоран Заев.

„Се што е добро за граѓаните во старт ми е веднаш прифатливо, но јас сум претседател на Влада и мора да пресметаме, да видиме што тоа значи за економската стабилност на државата, за нејзините финансиски ресурси и за изворите на помагање на македонското стопанство“, рече Заев на прес конференцијаата што ја одржа заедно со помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД Францис Р. Фанон посветена на енергетското поврзување на земјата, одговаарајќи на новинарско птрашање дали за Владата е прифатлив предлогот на Регулаторната комисија за енергетика и на Европската енергетска заедница за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 проценти како препорака со оглед дека центата на струјата се зголеми за 7,4 отсто и дека ваквата мерка би била олеснување за граѓаните.

„Ќе ја разгледаме таа можност, ќе ги направиме пресметките. Претходно и претседателот на Регулаторната комисија испрати јавна порака да се разгледаат овие варијанти. Секако е вредно за разгледување, но ние мора да водиме грижа какво влијание ќе има тоа на севкупното обезбедување на доволно ресурси да помагаме со петти пакет, со шести пакет на македонската економија. Но, секоја идеја, секоја препорака е вредна за внимаание, посебно кога доаѓа од европски институции, како што е Енергетската заедница и верувам дека нашите стручни служби во Владата, пред се економските министри, ќе ја разгледаат и ќе оформиме заеднички став како Влада“, одговори Заев. (М.Ј.)