Заев веќе се сретнал со Ахмети, Села, Тачи и Гаши

Разговори за идната коалиција има, но тие не се влезени во фаза кога може да се расправа за конкретни договори. Од СДСМ велат дека Зоран Заев веќе се сретнал со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Зела и со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Лидерот на социјалдемократите е во потрага по стабилно мнозинство за четиригодишен мандат, како што изјави вчера во Собранието по конститутивната седница.

Според она што го дознаваме, во тек биле консултации од различен формат меѓу партиите, но засега нема позначаен напредок во оформувањето на скелетот на новата коалиција.