Заев разговараше и со Лајчак


На крајот на денот на интензивни онлајн-разговори со високите функционери на ЕУ, премиерот Зоран Заев имаше и видео-средба со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На состанокот е изразена поддршка за напорите на Република Северна Македонија во процесот на европските перспективи. Пренесено е дека премиерот Заев ги има симпатиите и поддршката од европските институции за натамошен напредок на нашата држава, во духот на европските вредности.

Премиерот Заев се заблагодари за охрабрувањето, посебно кога се работи за реализацијата на клучните стратешки државни цели.

„Продолжуваме да работиме активно на европската агенда, на негувањето на добрососедските односи, на економскиот развој на државата, посветени сме на заштитата на јавното здравје. Нашите искрени политики на дијалог ги покажуваат европските вредности што ги застапуваме и веруваме дека тие ќе овозможат натамошен развој на земјата“, рекол премиерот премиерот Заев, како што соопштува Владата.

На состанокот е констатирано дека концептот „Едно општество за сите“ во нашата држава успешно се развива и дека е добар пример, како – ако се има политичка волја и чувство за потребите на граѓаните, можни се решенија што овозможуваат перспективи.

На состанокот учествуваше и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.