Заев: Предлозите за август или септември се предлози воопшто да нема избори


Фото: Б. Грданоски

„Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, всушност се предлог воопшто да нема избори. Не постои ниту здравствен, ниту политички авторитет што може да тврди и да гарантира дека тогаш ќе нема ниту еден заболен случај. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „мкд.мк“ пред почетокот на клучната недела за разврска на драмата околу датумот на изборите

Тој посредно навестува дека е можен копмромис околу датумот: „Ние сме демократи и цениме дека изборите треба да се демократски натпревар меѓу власта и опозицијата. Оттука, ќе направиме сè што е потребно за да обезбедиме опозицијата да учествува. Немаме никаков проблем да разговараме со цел да постигнеме договор, но нема да дозволиме да им се наштети на граѓаните ниту на државата преку непотребно одолжување“.

Тој уште додава: „Никој од нас не смее никој ниту да проба, а камоли да придонесе да се загрози здравјето на нашиот народ, земјата да се соочи со уставна криза, со ќор-сокак, во кој би заглавиле сите процеси и активности што значат заштита на здравјето на граѓаните, спас на работните места, помош во нивниот домашен буџет“.