Заев: Подготвени сме да дадеме изјава за немешање во Бугарија


Премиерот Зоран Заев денеска одоговарајќи на новинарско прашање најави дека Владата е подготвена да даде усна или писмена изјава дека Република Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија, како и уште еднаш да потврди дека нема да се меша во нејзината внатрешна политика.

-Точно е, дека нема потреба од нов Договор, и Бугарија се согласува со тоа. Немаме проблем со усна, писмена изјава или декларација, со која ќе изјавиме дека Република Северна Македонија или кратко Северна Македонија се однесува на територијата на нашата држава, дека немаме територијални претензии кон Бугарија или соседите. Се согласуваме тоа што ни постои во Уставот и во Договорот со Бугарија дека немешањето во внатрешните работи на соседните земји е принцп во кој веруваме. Спремни сме во таа изјава или декларација да ги потврдиме успесите кои ги постигнала Историската комисија. Спремни да преземеме обврска за зајакнување на економска соработка, најави Заев.