Заев очекува Трифонов да се коригира за „Северномакедонците“
„Се работи за незнаење“, одговори премиерот Зоран Заев денеска, запрашан за изјавата на победникот на изборите во Бугарија, Слави Трифонов, кој зборуваше за испрашање на Бугари и „Северномакедонци“ во вселената, и нагласи дека очекува од лидерот на Има таков народ да се коригира.
„Реагирам веднаш јавно. Не е во ред до секој претседател на политичка партија да испраќаме реакции, но ако треба и тоа ќе го правиме. Ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик од Република Северна Македонија. Верувам дека се работи за незнаење, бидејќи се работи за две пријателски земји кои никој пат немале проблем и секој пат сме биле нарекувани Македонци кои зборуваат македонски јазик… Кога некој нѐ нарекува тоа што не сме, тогаш тоа повредува. Очекувам да се коригира, затоа што е претседател на политичка партија која освои гласови, а должност ни е да градиме пријателства и добри односи“, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата.
При вчерашното претставување на експертската влада на неговата партија Слави Трифонов потсети на профилот на неговото шоу и вети дека ќе работи на испраќање на двајца бугарски и еден „северномакедонски“ астронаут во вселената од страна на американската вселенска агенција НАСА. Трифонов рече: „Време е да гледаме кон ѕвездите“, рече водачот на Има такви луѓе.