Заев: Николоски срамно лаже за „Дрекслмаер“


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Кавадарци остро ги демантираше тврдењата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се затвора фабриката „Дрекслермаер“ и го обвини дека срамно ги лаже граѓаните.

„Да се лажат кавадарчани дека ‘Дрекслмаер’, најголемата фабрика во Македонија, која вработува повеќе од шест илјади наши сограѓани, ќе се затвори е надвор од здравиот ум. Да се лаже на тој начин за компанија која најавува дека во август ќе го зголеми своето прозиводство, дека ќе има нови вработувања е срамно и понижувачки за вакви политичари. И кавадарчани и Тиквешијата и целата наша држава се сведоци колку нашите противници се изгубени. Колку се без компас, не знаат ни што прават, ни која е целта на кампањата, ниту пак што сакаат да постигнат. Разобличени се до гола кожа. Со сето тоа што е објавено, со сите лаги и негативна кампања, со тоа што се дрзнуваат да го лажат народот не знам каде тераат, но знам каде ќе стигнат. Ќе останат во опозиција, за да си ја обноват партијата“, порача Заев од Кавадарци.

Вчера, исто така, стигна остар демант и од крадночалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ, а едно време беше и потпретседател на партијата

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев изјави Тој изјави дека фабриката „Дрекслмаер“ нема да се затвора и од август се враќа на работа во полн капацитет, истакнувајќи дека „Дрекслмаер“ е сериозна компанија на национално ниво. Тој апелираше партиите да не ги мешаат компаниите во предизборната кампања. Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица, Александар Николоски на партиски собир во Криволак рече дека „СДСМ ги затвора фабриките, а сега ја затвора и ‘Дрекслмаер’“.

Заев, исто така, оцени дека е срамно и надвор од здравиот ум да се лаже и за патот Градско-Прилеп, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ направиле катастрофални решенија, само заради провизии и аванси.

„Денеска работата на овој патен правец е прекината, заради тоа што правеле анекси, на анексите дополнителни анекси, уверувајќи ги дека не е важно колку пари државата ќе плати, без разлика дали има проект, дали има геомеханики, дали има косини, дали ги има сите структури коишто треба да се направат.  Оваа работа ја прекинавме и почнуваме со нови изведувачи, комплет нова делница, поради тоа што овој пат е срцевата најважна артерија на целата наша земја, која го повзува, централниот дел, истокот и западот“, рече Заев и нагласи дека за десет дена тендерот ќе биде објавен, ќе се избере нова компанија којашто таа делница ќе ја продолжи, а тоа е проект кој се работи со ЕБОР.