Заев: Никогаш не се каам за тоа што сум кажал

Никогаш не се каам за тоа што сум го кажал. Македонија била окупирана од фашистичка сила, не можеме да кажеме дека цела Бугарија била фашистичка. Не смееме на фашизмот да му дадеме етничка боја. Јас сум должен да испратам пораки на пријателство. Но, со блокадата изгуби Македонија, Бугарија и ЕУ. Ова е катастрофален чекор на Европската Унија, изјави во вечерашното гостување во „Само вистината“ премиерот Зоран Заев.

-Ние политичарите, не само во Бугарија, туку каде било, знаеме да бидеме нерационални и да носиме чудни одлуки пред избори, рече Заев, дека сепак нема друг  пат за Македонија освен полноправно членство во ЕУ.

-Нема друг „План Б“. Нашата интерграција во ЕУ е да ја европеизираме Македонија. Имаме капацитет и можеме патот сами да го изодиме, ќе ги продолжиме реформите. Правиме се да ги отвориме поглавјата со ЕУ. До следниот самит треба да ги завршиме сите задачи, за да си го олесниме патот. Романија, Бугарија и Хрватска немаат исполнето некои услови и затоа не се во Шенген зоната и го немаат воведено еврото како единствено платежно сретство – изјави Заев.

– Словачка и Чешка ставија вето поради европските вредности, а не поради Кирил и Методиј – нагласи Заев.

Сепак, тој оцени дека е возможно да се постигне договор. рече дека и самаоат историска Комисија е блиску до усогласување, ама, како што рече, проблем е моменталниот амбиент.

„Европа е должна да го заштити нашиот национален идентитет и ЕУ тоа го прави. Ми дозволија да се обратам на македонски јазик пред Европскиот парламент, а европарламентарците аплаудираа потоа. Но, Бугарија сега сака да стои македонски јазик, според Уставот“, рече Заев.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој,  најавуваше интерпелација, но од тоа не бидна ништо, па започнаа со протести на кој се собираат педесетина граѓани.

-Срамно е за таква партија да организира протест со толку луѓе. Во моментот од нивна страна се блокирани рационални закони во Собранието. Денеска државата го откупува делот од „ГАМА“ за да добиеме евтин гас и да бидеме поконкурентни. Но, и за ова нема разбирање од опозицијата, смета премиерот Заев.

За декриминализацијата на марихуаната рече Заев, според предлог Законот, таа која ќе се користи за лична потреба да биде легализирана.

– Вториот дел од тој предлог е за комплетна легализација. Тоа многу ќе помогне во домашната економија, а исто така ќе овозможи и за лекување на низа болести. Канада, Холандија и Чешка имаат голем приход од таа индустрија. Не сум пробал џоинт. Ние планираме и цветот од канабисот да се извезува, кој се користи за медицински цели. И овој предлог закон е блокиран од опозицијата. Двајца мои братучеди засадија канабис и тие се дел од тие 59 издадени лиценци. Во овие домашни фабрики просечна плата е 750 евра. Потенцијалите за инвестирање ни се големи, потенцираше Заев.

За претстојниот Попис, премиерот Заев рече дека сите што се повеќе од една година иселени од земјава, ќе се водат како иселени.

– Пописот ќе каже колку сме и нема ретроактивност. Пописот мора да се заврши и нема да има измени на некои закони – рече Заев.