Заев: Нереално е да бидат објавени сите „бомби“


Премиерот Зоран Заев порача дека се нереални очекувањата дека сите „бомби“ ќе бидат објавени бидејќи 70 проценти од разговорите се приватни.

– Јас ги предадов комплетно сите разговори. Ако некогаш е кажано дека Заев ќе ги објави приватните разговори помеѓу луѓето, сакам да ја видам таа снимка. Од приватните сум си дозволил да објавам само еден, а тоа е разговорот помеѓу мене и мојата ќерка. Разговорите што одлучи да ги објави СЈО беа разговори во кои има криминал. Верувам сето она што било како индиција е дел на поднесено обвинение, истрага или предистрага, истрагите продолжуваат – рече Заев.

Фото: Б. Грданоски