Заев: Нашата татковина има потреба од избори

Фото: Б. Грданоски

Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен целосно подготвени, објави денеска на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија, наведува Заев во објавата, проследена со видео обраќање.