Заев: Нанесена ни е неправда, Европа не испорача тоа што најави

Со постигнатиот Договор со Бугарија покажавме европски вредности во духот на заедничката историја како подлога и база за градење на заедничка иднина, покажавме европски манири и вредности во делот на постигнувањето на Преспанскиот договор и навистина кога Европа требаше да испорача и стои зад европски вредности таа тоа не го покажува, затоа велам ова е најголем пораз за ЕУ, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ 21.

– Претстојат уште можности за нас пред првата меѓувладина конференција во декември. Треба да продолжиме да правиме напори во духот на тоа што сме и јас и Владата, Собранието и целиот наш македонски народ да продолжиме во духот на градење пријателство, дијалог и разговор, а не создавање на конфликти, истакна Заев.

Тој нагласи дека на денешниот министерски состанок на ЕУ одлуката за усвојување на преговарачката рамка е одложена и е оставен простор до декември, до кога постојат можности за одржување на првата меѓувладина конференција.

– Но, не е својствено Европа преку своите лидери да кажуваа попфални зборови за Зоран Заев, а се однесува на нашиот народ и еве денес веќе да немаме додржување на тие европски вредности од таа Европа која што треба да не мотивира, да тежнееме кон европските вредности да испорачаме нешто кое навистина претставува уназудување на европските вредности, потенцира премиерот.

Тој нагласи дека лично му паѓа многу тешко затоа што ни е нанесена голема неправда, изразувајќи уверување дека тоа што се случува не е желба на бугарскиот народ и на премиерот Бојко Борисов. – Верувам дека тоа се политики во пресрет на избори веројатно поттикнати во едно вакво светло, но еве да дадаме шанса и на следните денови кои претстојат пред нас затоа што постојат уште можности, потенцира Заев.

Тој нагласи дека контактите меѓу двете земји продолжуваат за да изнајдат решенија, при што „остануваме на принципите кои се важни секогаш за да се постигне договор, а тоа е тие да водат грижа за нас и нашите позиции, ние да водиме грижа за нив и нивните позиции и низ духот на пријателството тоа да го постигнеме.“

– Секако тоа не е невозможно заради тоа што ние не сме многу далеку, работата е што изненадувачки се појавија вакви нови моменти за кои немам друго објаснување освен дека близината на изборите во Бугарија се причината, но јас би дал шанса до самиот крај на можноста да се разговара за ова затоа што верувам дека сепак е можно да се постигне решение, истакна Заев, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи до декември за време на германското претседателство.

Според него, земјава нема друга алтернатива освен европскииот пат и интеграцијата во ЕУ и ќе продолжиме по тој пат.

– Ние сме спремни да продолжиме во тие формати заради тоа што не се истрошени сите можности со денешната седница на ГАК или Советот на министри. Ќе продожиме со разговори. Во државата патот е тој, патот по кој чекориме. Реформите продолжуваат, прочистување на правосудството е почнато, почнуваме со реформите во образованието, продолжуваме со сите други реформи кои се важни пред се економските реформи во државата иако Ковид. Се бориме како и секоја земја со ковид и ние друг пат немаме, додаде Заев, при тоа заблагодарувајќи се на Германија за напорите за изнаоѓање решение.

Тој потенцира дека реформите што ги спроведовме се потврдени преку годишните извештаи на Европската комисија и изрази уверување дека сега следува процесот на преадаптирање на европското законодавство.

– Тоа се преговорите, а не исполнување на очекувањата на една земја членка на ЕУ, потенцира Заев.