Заев најави четири модели за намалување на администрацијата


Фото: Б. Грданоски

Мандатарот за формирање на новата влада во своето експозе пред пратениците се осврна и на структурните реформи во јавната администрација и зголемување на нејзината ефикасност преку осовеременување на процесите и нивна дигитализација, но и за најавеното намалување за 20 отсто на ббројот на административците.

„Ќе разгледаме неколку модели за намалување на обемот на администрацијата за 20 проценти преку спојување на функции, надлежности на институциите, преку задолжително пензионирање на 64 години, преку пакети за трансфер во приватниот сектор или предвремено пензионирање“, рече Заев.

Тој нагласи дека во мандатот на оваа влада следува целосна реорганизација на јавната управа преку оптимизирање и очекувано намалување на бројот на институции, намалување на трошокот за работа, подобрување на управувањето и зголемување на ефикасноста во работењето.