Заев на вечера со „Еколог“ – сервиран и Срѓан Керим


Неодамнешната фотографија од Њујорк, на која премиерот Зоран Заев е на вечера заедно со Срѓан Керим, предизвика бура во јавноста бидејќи станува збор за човек што беше исклучително близок со поранешната власт на Никола Груевски и личност против која се водеше постапка за финансиски злоупотреби во МПМ, кое ги издаваше и ги згасна „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“.

На фотографијата што кружи по социјалните мрежи може да се види дека поранешниот претседател на 62. Генерално собрание на Обединетите нации, кој наскоро ќе наполни 71 година, физички е подизменет од времето кога водеше бизниси во Скопје. Керим одамна живее во Опатија, Хрватска.

Од Владата велат дека станува збор за настан организиран при на посетата на премиерот Заев во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој учествуваше на повеќе различни настани. Еден таков беше учество на вечера на покана на македонската компанија ‘Еколог’“, кусо коментираат на „Илинденска“.

Еколог“ е компанија што оперира во над 40 земји во светот. Се занимава со енергетика, рударство и инфраструктура. Седиштето е во Тетово, преку компанијата оди заминување во бази на НАТО на Блискиот Исток, а е сопственик и на фудбалскиот клуб „Шкендија“. Пред неколку години НАТО отвори истрага за германскиот „Еколог“ поради наводни злоупотреби.

Покрај Керим и Заев, присутна на вечерата е и тетовската градоначалничка Теута Арифи, која, наводно, има блиски односи со „Еколог“.

Поврзаноста на Керим со „Еколог“ е во тоа што компанијата го ангажирала пред две години хонорарно да ја претставува во странство и пред меѓународните клиенти. По смената на власта, бившиот прв човек на МПМ, кој имаше амбиции и да стане претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ја смени реториката и во повеќе наврати упати пофални зборови за новиот претседател на Владата. Тој имаше разбирање и за Преспанскиот договор. (Г.А.)