Заев на конгресот на Сириза: Со Алексис работевме за мир и не мислевме на кариерите


 

Не може да постои само принципот на посилниот, туку почит и компромис. Оваа порака беше една од клучните во обрачањето на поранешниот премиер Зоран заев на конгресот на Сириза во Атина. Тој беше специјален гостин на конгресот за да ја потцрта историската важност на Преспанскиот договор.

Во своето обраќање Заев се осврна на војната во Украина, нарекувајќи ја интервенцијата „руска агресија“ и повика на мирно решение.

Еве некои делови од обраќањето на Зев до конгресот на Сириза:

„Јас и Алексис бевме решени да направиме огромен заеднички чекор кој ќе работи за иднината на нашите земји, нашите граѓани, целиот регион и Европа. На крајот, бевме решени да ги жртвуваме нашите политички кариери во име на иднината на пријателството, мирот и стабилноста.

Неодамнешниот пресврт на настаните во Украина предизвикан од руската агресија покрена силни ризици, загрижености и стравови. Единственото решение е мирот. Итен дијалог наместо насилство. Затоа, целосно ги поддржувам независноста и територијалниот интегритет на Украина и изразувам сочувство со украинското раководство и со семејствата на жртвите. Потребен е итен мир со итно дипломатско решение кое ќе ги почитува принципите на меѓународното право, насочено да ги брани заедничките вредности, човековите права и заштитата на основните слободи…

Со Алексис работевме за мир и успеавме да го решиме конфликтот чии темели беа длабоко во историјата. Овој успех има влијание многу подалеку од регионот.

Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот. Не може да постои само принцип на посилниот. Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста.

Нашите политички визии ги насочивме кон една заедничка цел. Воспоставивме политички однос, кој се издигна кон соработка и кулминираше со пријателство. И двајцата го ставивме ова пријателство во темелите на новата долготрајна врска меѓу нашите земји.

Тоа е најскапоцената придобивка. Можете ли да замислите колку можеме да изградиме на овие темели во иднина? Не двоумете се, не ограничувајте ги вашите соништа и визии – да, нашите граѓани, нашите општества и нашите земји можат да изградат регион на просперитет токму на овие темели.

Затоа Алексис и јас избравме да направиме сѐ што можеме за да најдеме решение без одложување. Дозволете да ве прашам, кој е доблесен? Оној кој едноставно го пролонгира проблемот или тој што прифаќа да го најде решението? Дојдовме до решение кога сите тврдеа дека е невозможно…

Треба да продолжиме да соработуваме уште повеќе од претходно. Идеите на левицата мора да се промовираат, гласно да се зборуваат и да се артикулираат.

И ние треба да преземеме активности според нашите идеи. Имаме добри шанси. Да останеме заедно.

Да направиме повеќе за демократијата и за солидарноста. Ајде да свртиме друга страница. Доаѓаат нови почетоци“, рече Зоран Заев.