Заев му упати честитки на Пендаровски во Вила Водно

Премиерот Зоран Заев  денес попладне замина во претседателскиот кабинет да му упати честитки на новиот шеф на државата Стево Пендаровски по стапувањето на функцијата и да му посака успешна работа. Според сооштението на кабинетот на Пендаровски „двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции“. Пендаровски и Заев се заложиле за суштинска соработка меѓу претседателот и Владата со цел обезбедување на напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО, но и за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државава.

loading...