Заев му подари на Мицкоски знамиња на НАТО и ЕУ, како и програмата на СДСМ со негов потпис


Најавувајќи дека дебатата на МРТ е последен телевиски дуел со Христијан Мицкоски, Зоран Заев, изјавувајќи дека го почитува како шеф на опозицијата и како човек, му подари знамиња на НАТО и ЕУ, како и програмата на СДСМ со негов потпис.

„Би сакал да остане запаметено. Успеавме да станеме членка на НАТО. И еве едно знаме на Европската унија, која е наша заедничка цел, на целиот народ. Имаме преговарачка рамка, ќе ја донесеме Европската унија, а ние ќе станеме нејзина полноправна членка“, рече Заев предавајќи му ги подароците на Мицкоски.

Мицкоски и прифати нив, изјавувајќи дека имаат доволно знамиња во партијата, а тие две ќе ги однесел на факултетот каде што предава. Програма на ВМРО-ДПМНЕ нема да му дал на Заев затоа што тоа претходно го направил неговиот сопартиец Тимчо Муцунски. Тој уште рече дека не знаел оти тоа било последно соочување и дека прв пат го слуша тоа.