Заев: Мицкоски предлага помала плата од минималната


Лидерот на СДСМ Зоран Заев го отфрли предлогот на Христијан Мицкоски дека платите треба да се намалат до 50 отсто од просечната плата, бидејќи тоа би значело дека би изнесувала 12.500 денари,а со предлозите на СДСМ се одредува минимална плата од 14.500.

„Мицкоски предлага кратање, а кога ние предлагаме кратење не му се допаѓа. Истовремено, тој предлага државата да даде обрзници,  да ги купат граѓаните кои имаат пари, но јас не се согласувам тоа што е ликвидно да го црпиме. Тие пари треба да флуктуираат, да ги оставиме таму да се трошат. Ако ги исцедиме  тогаш тие ќе се донесат во буџетот, а тоа е намалена потрошувачка кај граѓаните и затоа не се согласувам.

Ние треба дома  да скратиме се што можеме од јавната и приватната потрошувачка. Кога ги гледаме расходите, се што значи одлив кон надвор треба да го скратиме, се што значи пуштање дома – пуштај. Да можеме сега да отвориме уште четири до пет грандиозни, капитални проекти, би го направил тоа со 30 отсто аванс, со 70 отсто на државни обврзници, да им се плаќа на градежните компании за десет години, да можат државните обвзници да ги претвораат во пари, нешто како Маршаловиот план. Целта е да произведеме што повеќе пари насекаде, за стимулирање на приватната, но и на јавната потрошувачка. Јавната потрошувачка најчесто се поврзува со градежништвото, а градежништвото вклучува 70-тина гранки и дејности. Сето тоа не е нешто што јас сум го измислил, туку се меѓународни теории кои што даваат резултат“- порача Заев на ТВ Сител.