Заев: Мицкоски е политичар што се плаши од својот народ


Фото: Б. Грданоски

 

– Не сум видел до сега политичар кој вака се плаши од својот народ – рече Заев, откако констатира дека заради лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска нема консензус за датум за избори.

Заев беше и зачуден што Мицкоски прво се извини што денеска имало лидерска средба за датум за избори, кога тој сам ја побарал.

Според СДСМ ова е само купување време, од страв да не се случат избори.