Заев: Левица е виновна што немаме измени на Изборниот законик


Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека поради Левица која имала 750 амандмани за Изборниот законик не се предложени измени на Изборниот законик. За усогласените решенија за медиумско претставување, според него, ДИК и Агенцијата за медиуми треба да донесат подзаонски акти.

-Не знам која опозициска партија што ме обвинува, но го знам виновникот. Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Јас сум информиран како што реков од претседателот на Собранието Талат Џафери. Не може да најде решение внатре соодветно решение во Парламентот, а имајќи во предвид дека најголемото барање на опозицијата фингерпритот внатре е вграден за измените на зкаонот, вградени се најголеите препораки на ОБСЕ/ ОДИХР, изнајдено е решение, благодарен сум до министерот за правда ДИК и Агенцијата за медиуми за медиумското претставување. Формулацијата којашто беше предложена во новиот закон, верувам дека сите овие институции ќе ја адаптираат со правилници и упатства за да може тоа да биде како усогласена формулација за сите партиципиенти. Четирите поголеми партии, помалите партии за нивно учество, рече Заев.

Според него, кога е блокиран законот во демократија и во Парламент и не постои решение во предвечерието на изборите тоа да се одблокира, претседателот на Собранието одлучил заедно во коордианција веројатно со пратеничките групи дека нема да се донесат последните измени кои беа поднесени во Парламент.

Премиерот исто така кажа дека и законот за личните карти се блокирани од Левица.