Заев: Консензуално со опозицијата ќе го донесеме новиот закон за јавно обвинителство


Верувам дека заедно со опозицијата, со консензус ќе ја обезбедиме поддршката на новиот закон за Јавно обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев за време на денешната посета во Пелагонискиот регион.

Според првиот човек на македонската Влада, новиот Закон за Јавно обвинителство ги содржи над 80 насто од предлозите на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и очекува договор за донесување на Законот.

– Новиот Закон за Јавно обвинителство ги содржи над 80 насто од предлозите на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Во предлог решението има спојување на СЈО со Обвинителството за организиран криминал и тоа обезбедува иднина. Очекувам да се договориме, а пратениците да се изјаснат бидејќи деновите се одброени. За оваа работа разговараме скоро една година, а останаа само дваесеттина денови за разговори. Искрено верувам дека заедно со опозицијата, со консензус ќе ја обезбедиме поддршката на новиот Закон за Јавно обвинителство, изјави премиерот Заев.