Заев ја осуди полициската бруталност


Фото: Б. Грданоски

„Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда. Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.

„За поздравување е што одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при министерството за внатрешни работи што го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан“,напиша Заев на Фејсбук .

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159053497437932

Имено, деновиве се појави снимка на социјалните мрежи на која се гледа како полицајци брутално тепаат маж кој лежи на земја и се витка.

Граѓаните на социјалните мрежи бараа МВР да го испита случајот и да ги санкционира сторителите.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.