Заев: Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 се реални вложувања кои значат живот за граѓаните
Во тој контекст претседателот на Владата го најави капиталниот проект за ревитализација на Попова Шапка кој значи развој за регионот и наведе дека токму странскиот инвеститор самиот ќе соопшти повеќе детали за проектот.
Заев соопшти дека 4 милијарди и 200 милиони евра се приватни инвестиции, концесии и јавни-приватни партнерства, додека 3 милијарди и 800 милиони евра се јавни инвестиции пред сè за инфраструктурни проекти, како железница, патишта и слично.
Тој посочи дека станува збор за огромен број проекти и иако се надева дека сите тие ќе успеат да се реализираат, сепак не е исклучена можноста некои да не ја поминат бариерата во Парламентот.
Премиерот истакна дека некои од инвеститорите јавно ги објавија вложувањата како Лидл, проектот за Александропули, германската компанија ВПД достави документ за стратешка инвестиција за изградба за ветерен парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати, инвестиција вредна 500 милиони евра.