Заев: Институциите веднаш да назначат в.д. специјален јавен обвинител


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев испрати јавна порака до надлежните органи да најдат решение за избор на вршител на должност на СЈО и да не се дозволи ниту еден предмет да биде загрозен.

– Сега, веднаш треба да се најде решение за вршител на должност на СЈО како времено решение, а потоа верувам дека сите политички партии можеме да најдеме консензуално решение и не подоцна од 15 септември за новиот закон за Јавно обвинителство. Работните групи продолжуваат со работа во понеделник и знам дека е премостливо тоа што треба да го решиме, секако почитувајќи ги „црвените линии“, а тоа е иднината на СЈО, Уставот, законите… се е решливо ако имаме одговорност во државава. Упатувам порака до правосудните органи да носат брзи одлуки бидејќи не смее да се дозволи не еден ден, туку ниту една секунда, кој било предмет да биде загрозен, затоа што правосудството работи со рокови и верувам дека ниту еден процес нема да биде загрозен, нагласи премиерот Заев на денешната прес-конференција во атарот на селото Новаци во истоимената Општина.