Заев и Мицкоски разговараат за пописот, блокадата во Собранието…
Во Клубот на пратеници во Скопје премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговараат за претстојниот попис, работата на Собранието, изборите, пандемијата, економијата, евроинтеграциите…
Заев, пред средбата, изрази очекување дека ќе најдат заеднички решенија за непречено спроведување на пописот.
„Очекувам да најдеме заеднички решенија за пописот да се спроведе непречено, со целосна заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите и истиот да го поддржи и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави за МИА Заев пред почетокот на лидерската средба.
Заев, нагласи дека останува отворен да разговараат и за прашања поврзани со работата на Собранието со цел да се отстранат сите блокади и да се обезбеди непречена работа во корист на народот, како и за темите поврзани со локалните избори наесен.