Заев: И лошите вести треба да се соопштат, како тие за кратење на платите


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МТВ денеска рече дека одлуката за мерките што ги предложи неговата партија за справување со кризата околу корона вирусот треба да ја донесе Владата. Но „политичките партии треба да покажат одговорност и да ги соопштат и не така пријатните вести“.

„Даваме 200 милиони евра поддршка на стопанството, на работниците, и да ги сочуваме работните места, а сето тоа ја зголемува ликвидноста, но и приватната потрошувачка од страна на работниците и компаниите, тоа ќе му помогне конкретно на буџетот“, посочи Заев.

Според Заев, „даваме од фондот за поддршка кој треба да се формира за оваа намена, преку кредитите, штедењето и кратењето од непродуктивните трошоци кои немаат импликација кон јавната потрошувачка. Кратењето на платите кај администрацијата е вториот чекор на кратења“.