Заев и Филипче ги поминуваат новогодишните празници на Беласица


Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, денешниот втор ден од Новата година, го искористија за да го поминат со своите деца.

„Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко. Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица“, објави министерот за здравство.
 
 

Премиерот Зоран Заев уште еднаш покажа дека е страстен љубител на квадрициклите и планинарењето!

Тој исто така минатата година објави фотографии од прошетка на Беласица заедно со неговиот син Душко.