Заев и Ахмети споделувале искуства на 4-часовниот ручек со Ковачевски


Фото: Б. Грданоски

Премиерот Димитар Ковачевски се пофали со пријателството кое го има со експремиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, па кажа дека на средбата со него и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, разговарале за изборите и патот кон ЕУ. Ахмети и Заев му споделувале искуства.

„Завчера имавме средба со Ахмети и со експретседателот на СДСМ, Заев. Вие мора да знаете дека јас и Заев се знаеме 32 години, сме учеле факултет заедно, неретко се случува да комуницираме и да имаме ручеци по 4 часа. Вчера разговаравме како државата треба да напредува кон ЕУ. Секој можеше да ги сподели своите искуства од мандатите кои ги имал. Разговаравме и за тоа како треба да изгледаат настапите на политичките партии на изборите, се разбира низ призмата на исксутвата“

Прашан дали се поблиску до предизборна коалиција со ДУИ, тој оговори: „Во однос на тоа се прават анализи, во рамки на политичката коалиција која ние како СДСМ ја имаме во моментов со коалиционите партнери со кои водевме Влада во четири кризни години“.

Според Ковачевски, на парламентарните избори и претседателските избори, ќе победи СДСМ.