Заев: Груевски ќе си ја одлежи казната


На трибината во Гази Баба лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше запрашан кога ќе го  вратиме Никола Груевски од Будимпешта да си ја одлежи казната.

Заев одговори дека Груевски, а тоа сите го знаеме,  имаше транспарентно судење, набљудувано од ОБСЕ, дека беше слободен и сепак доби азил во Унгарија како загрозен.

-Кога тогаш, тој ќе се врати назад, не може бесконечно со кршење на меѓународното право некој да го заштитува. Очекуваме од земја членка на НАТО и на ЕУ да биде пример за нас. Се бориме со правни аргументи, бараме испорачуваме за случајот за кој има пресуда и за другите отворени предмети и верувам дека еден ден ќе се врати и ќе си ја одлежи казната во Шутка и Идризово, рече Заев.