Заев: ЕУ има морална обврска кон Македонија


Сите земји на ЕУ се согласни дека македонија го испорача она што од неа се бараше и Унијата сега има морална обврска да го испорача тоа што го вети, рече денеска премиерот Зоран Заев на Европскиот форум „Алпбах“.  кој оваа година е посветен на три теми: „Обезбедувањето на иднината на Европа“, „Финансирањето на иднината на Европа“ и „Климатските промени“, информираат од Влдата.

Преку видеоконференциска врска, тој учествуваше на панелот „Перспективите на Северна Македонија“ заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан. Форумот оваа година е посветен на три теми: „Обезбедувањето на иднината на Европа“, „Финансирањето на иднината на Европа“ и „Климатските промени“, соопштија од владината прес-служба.

Во своето воведно излагање, Заев истакна дека членството на земјата во ЕУ е перспектива и без алтернатива и покрај разочарувањето од блокирањето на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија.

„Посветени сме целосно на овој процес затоа што нè водат европските вредности кои се и наши вредности и кои со сите политики што ги имплементираме ја остваруваат европеизацијата и тоа е нашата најсилна мотивација. Целта на Република Северна Македонија не е членство заради членство туку заради постигнувањето на стандардите и имплементацијата на тие стандарди во сите сфери на нашето општество“, нагласи Заев.

Дека земјата е на вистинскиот пат и дека ги исполни сите критериуми, додаде Заев, беше потврдено со одлуката и препораката на Европската Комисија до Европскиот Совет на 20 март 2020 година, поддржана од сите земји членки на ЕУ, за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, чијашто организација потоа беше блокирана од Република Бугарија.

„ЕУ има морална обврска кон Северна Македонија. Сите реформи во земјата се спроведени или се во тек, со соседите решивме прашања коишто беа отворени по неколку децении, како што беше Договорот од Преспа со Грција, или Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Северна Македонија е успешен модел на функционална мултиетничка заедница и лидер на регионалната соработка, а со членството во НАТО станавме фактор на стабилност на Западен Балкан“, потенцираше Заев.

Меѓу прашања од аудиториумот на Форумот особено внимание беше посветено на иницијативата Отворен Балкан за која Заев потенцираше дека не е алтернатива за членството во ЕУ, туку процес кој ги забрзува евроинтеграциските процеси во земјите во регионот, кој го поврзува Западен Балкан според принципите на ЕУ и кој остварува огромен придонес во јакнењето на пријателството и соработката.