Заев е убеден дека во Шестката ќе го победат ДУИ


Кејот на Вардар во Гостивар

Лидерот на СДСМ денеска призна дека коалицијата со ДУИ не била баш најлесна работа овие овие три години. „Нам ни беше тешко изминативе години со ДУИ, тие се долго време на власт, 17 години го прават своето, станале моќни“, рече Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.  Тој очекува во оваа изборна едница коалицијата со Беса да освои шест до седум пратеници.

„За мене е успех ако ДУИ и Алијансата ги победиме во Шестата изборна единица.  Нашите проекции се дека ќе имаме 6 или 7 пратеници, за разлика од нив кои ќе имаат до 5, затоа што целат само на Албанци, а ВМРО-ДПМНЕ може да има 2 до 3 пратеници во Шестката, затоа што одат само на македонските гласови. Јас одамна му кажав на Мицкоски дека ќе губат сѐ додека продолжуваат со ваквата деструктивна политика“, рече Заев. Тој мисли дека концептот едно општество за сите ќе ги надмине сите пречки, но дека тоа не може да се направи одеднаш, „на луѓето им треба време“.