(ВИДЕО) Заев до Столтенберг: Пандемијата нема да го спречи зголемувањето на буџетот за одбрана

Joint press point with NATO Secretary General Jens Stoltenberg and the Prime Minister of the former Yugoslav Republic of Macedonia(1), Zoran Zaev

Премиерот Зоран Заев најави денес во Брисел дека, и покрај економските тешкотии поради пандемијата, Македонија е решена да го зголемува годишниот буџет за одбрана за 0,2 проценти годишно за да одговори на барањето на Алијансата тој да стигне до 2 проценти од БДП.

-Западниот Балкан не е изолиран остров.Нашиот регион може само да има полза од  евроатлантската интеграција како никогаш порано, порача Заев на прес конференцијата со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во првата посета во странство откако е повторно на функцијата. Тој најави исто така дека Владата покренала процедура за ратификација на спогодбите и протоколите поврзани со членството во Алијансата.

Генералниот секретар најпрво му го честиташе роденденот на Заев,  како и реизборот за премиер. Според него, за нашата земја НАТО членството е значајно достигнување, а за НАТО Македонија е кредибилен партнер. Тој најави веднаш дека Македонија како членка и партнер ќе прими нов пакет помош околу кризата со Ковид 19, кој ќе се состои од 60 вентилатори и друга медицинска опрема вредна 1,4 милиони евра.

– Ова е солидарност на НАТО во акција. Ние нема да дозволиме оваа здравствена криза да стане безбедносна, рече Столтенберг.

Запрашан како ќе и помогне НАТО на Македонија околу се поголемиот број на заразени од корона вирусот, Столтенберг рече дека бројот на заразени расте во цела Европа, а не само во Македонија.

-Ни една земја не успеја целосно да го контролира вирусот и затоа НАТО долго време делува и ги поддржува напорите за справување со пандемијата, како транспорт на пациенти, поставување полски болници и слично, при што генерално воениот персонал е подготвен да даде поддршка на цивилните структури. Дадовме подршка на Северна Македонија и уште повеќе ќе дадеме, рече Столтенберг откако најави дека Македонија ќе добие респиратори од НАТО и друга опрема.

Запрашан зошто по шест месеци нема потврда за нашиот предлог за воен преставник на НАТО  и дали Македонија ќе треба да испрати друг, Столтенберг се повика на процедурата.

-НАТО има некои стандарди, има упатства и процедури што треба да се поминат кога имаме процес на одобрување на преставник. Она што е важно е дека Македонија сега седи на масата како рамноправен партнер и рамноправно одлучува со сите други. Практични прашања секогаш може да има, но ќе ги решаваме во од, рече Столтенберг.